Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед не дава повеќе од 50 милиони за Санчо

Манчестер Јунајтед не дава повеќе од 50 милиони за Санчо

Трансферот на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед изгледа се потежок за реализација.

Причината за тоа е што клубот од „Олд Трафорд“ нема намера да плати повеќе од 50 милиони фунти за потписот на англискиот репрезентативец.

Барем така тврди „Скај Спорт“ повикувајќи се на високи раководители во клубот. Од друга страна „милионерите“ за слободата на Санчо бараат двојно поголема сума.

Вчера извршниот директор на Борусија Дортмунд, Јоаким Вацке изјави дека Санчо најверојатно ќе остане во клубот бидејќи не верува дека некој клуб ќе ја плати бараната сума.

„Црвените ѓаволи“ се надеваат дека Борусија ќе ја намалу сумата поради финансиските проблеми поради пандемијата, но тоа нема да се случи.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Се редат познати имиња кои се поврзуваат со Беневенто

Беневенто од следната сезона повторно ќе игра во Серија А откако на убедлив начин обезбеди…