Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед најде замена за Де Геа

Манчестер Јунајтед најде замена за Де Геа

Манчестер Јунајтед се соочува со сериозен проблем кога е голманот Де Геа во прашање, па „црвените ѓаволи“ можат да бидат приморани на лето да го продадат Шпанецот.

Имено, Де Геа одбива да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, а на лето ќе влезе во последната година од договорот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанецот има договор до 2020 година, Јунајтед му нуди договор со кој ќе биде најплатен голман на светот, но Шпанецот се уште не ставил потпис.

Де Геа се сомнева во амбициите на клубот, сака да освојува трофеи, па можно е на лето и самиот да побара трансфер од „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед ја знае сериозноста на ситуацијата, па веќе започна да бара замена за шпанскиот голман, а прва желба е англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд.

Пикфорд со своите настапи во Евертон и на Мундијалот покажа дека во моментов е еден од најдобрите голмани во Европа, но „карамелите“ сигурно нема да го пуштат за сума помала од 60 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“ од Италија: Рома сака големо засилување од Јувентус

Eкипата на Рома предводена од Даниеле де Роси наводно покажала голем интерес за доведување…