Дома Фудбал Останато Манчестер Јунајтед доживеа уште еден голем удар

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден голем удар

На Манчестер Јунајтед никако не му оди.

„Црвените ѓаволи“ од година во година минуваат низ тешки периоди. Резултатите се лоши, а титулите далеку, но поради богатото минато клубот од „Олд Трафорд“ беше исклучитечно привлечен за спонзорите. Така во 2012. година Јунајтед потпиша седумгодишен договор со Шевролет, кој се обврзуваше дека од 2014. година ќе исплати 410 милиони фунти за да ја добие позицијата главен спонзор на дресот.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Меѓутоа, овој автомобилски гигант нема да ја продолжи соработката со Јунајтед. Одлучија дека по истекот на договорот во 2021. година ќе се повлечат, бидејќи резултатите кои ги постигнува тимот од Манчестер се разочарувачки. Така Јунајтед ќе остане без десетина милиони фунти на годишно ниво. Договорот со Шевролет беше и највреден во Англија, далеку пред сите други.

Потрагата за нов спонзор веќе започна. Сепак, тешко е да се верува дека некој ќе им даде огромни пари, ако резултатите на „Црвените ѓаволи“ и понатаму бидат очајни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Албанија може да биде казнета: УЕФА отвори истрага!

Поради однесувањето на навивачите пред, во текот и по натпреварот против Италија, УЕФА отв…