Наскоро Рубен Аморим ќе биде промовиран во нов тренер на Манчестер Јунајтед и во тоа нема никакви дилеми, а пред да седне на клупата на „црвените ѓаволи“ медиумите потсетија на неговите дуели со Ерик Тен Хаг.
Станува збор за натпревари од 2021 година кога Тен Хаг го водеше Ајакс и на Амроим кој и во тој период беше на клупата на Спортинг му нанесе два тешки порази.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ајакс ги доби двата натпревари во Лигата на шампионите и тоа со вкупни 9:3. Во првиот натпревар холандскиот гигант славеше со 5:1, додека во вториот со 4:2.
Ќе потсетиме, Тен Хаг доби отказ на клупата на Манчестер Јунајтед по лошите резултати со гигантите од „Олд Трафорд“.