Дома Фудбал Манчестер Јунајтед го продолжува договорот на Далот

Манчестер Јунајтед го продолжува договорот на Далот

Манчестер Јунајтед сака да го задржи португалскиот репрезентативец Диого Далот, пресуваат медиумите на Островот.

Далот влезе во последната година од договорот, но Јунајтед има опција за еднострано продолжување до 2024 година.

Далот игра добро под водство на Тен Хаг од почетокот на сезоната и „црвените ѓаволи“ сигурно ќе ја актувираат опцијата за продолжување на договорот.

23-годишниот Португалец сакаше да си замине од „Олд Трафорд“ ова лето, но сега работите се променија и наскоро двете страни ќе започнат преговори за нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Келси се врати со два гола, Ренџерс со „четворка“ му се приближи на Селтик

Ренџерс го совлада Сент Џонстон со 4-0 на „Ајброкс“ и стигна до седмата победа во последни…