Манчестер Јунајтед нема да го откупи Марсел Сабицер, кој играше како позајмен фудбалер од Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сабицер не беше задоволен од статусот во Минхен и во јануари се пресели во Манчестер Јунајтед на позајмица до крајот на сезоната.
Иако имаше добри партии на „Олд Трафорд“, сепак „црвените ѓаволи“ не сакаа да го откупат, па Австриецот ќе се врати во Минхен.
Јасно е дека за него нема повеќе место на „Алијанц Арена“, а Баерн е спремен да го продаде ова лето за 20 милиони евра.