Бразилскиот репрезентативец, Рафиња требаше да биде големо засилување за Барселона, но може да си замине после само една сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми информираат дека Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат ова лето.
Притоа, Барселона има финансиски проблеми, а силен интерес за Рафиња покажува Манчестер Сити.
„Граѓаните“ во Бразилецот гледаат идеална замена за Ријад Марез, кој е пред трансфер во Саудиска Арабија.
Англискиот клуб наскоро ќе испрати понуда од 50 милиони фунти, а Барса со оваа продажба сака да го финансира трансферот на Жоао Феликс.