Дома Фудбал Лига на шампиони Манчестер Сити е првиот финалист во Лигата на шампионите!

Манчестер Сити е првиот финалист во Лигата на шампионите!

Манчестер Сити не дозволи некаков пресврт и вечерва со уште една победа се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

Човек на одлуката во вечерашниот реванш беше Ријад Марез кој ги постигна двата гола. Марез прво во 11. минута го отвори резултатот и така го најави пласманот на „граѓаните“ во финалето. ПСЖ напаѓаше меѓутоа недостасуваше реализацијата, Ди Марија во 18. минута не искористи едно лошо додавање на Едерсон.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ситуацијата околу пласманот во финалето беше решена после еден час игра кога Марез го постигна вториот гол натпреварот. Пет минути подоцна Ди Марија заработи директен црвен картон.

Манчестер Сити сега го чека својот протовник во финалето, а ако тоа биде Челзи кој утре игра со Реал ќе гледаме англиско финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…