Дома Фудбал Малолетната ќерка на славниот руски голман обвинета за трговија со дрога

Малолетната ќерка на славниот руски голман обвинета за трговија со дрога

Ксенија Малафејев, ќерка на поранешниот голман на Зенит Санкт Петербург, Вјачеслав Малафејев предизвика скандал во Русија.

Проблематичната тинејџерка е обвинета дека е дилер на дрога и според најновите информации е пуштена од притвор со забрана за напуштање на градот и моментно е сместена на локална клиника под медицински надзор.

Сопругата на Малафејев загина во сообраќајна несреќа во 2011 година поради што тој мораше предвреме да ја заврши кариерата и да се посвети на грижата на двете деца.

16-годишната Ксенија избегала од својот дом на почетокот од оваа година, објаснувајќи дека не сака да живее во семејство во кое се чувствува како странец, а сега е обвинета за трговија со дрога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…