Данска тешко ја совлада Швајцарија со 30:29 во вториот натпревар од 5. коло во групата 7 во квалификациите за ЕП.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со оваа победа Данците не ни дозволија да се бориме за првото место во групата против Швајцарија во недела, но добрата страна на овој резултат е што имаме загарантирано второ место.
Без Микел Хансен Данска едвај дојде до победа. Беа во негатива речиси цел натпревар. На полувремето Швајцарците водеа со 17:14.
Шмид ја предводеше Швајцарија која водеше се до 45. минута кога Данска дојде до изедначување на 22:22. Потоа до крајот Данска го одржуваше тесното водство.
Шмид беше најефикасен на натпреварот со 12 гола, додека во редовите на Данска Гидсел, Менсах, Ларсен и Јакобсен постигнаа по четири.
Така Македонија групната фаза ќе ја заврши како второпласирана селекција бидејќи невозможно е да се очекува кикс на Данска со Финска.