Дома Македонски спорт Мак ракомет „Македонци, вие треба само да го зачувате она што го имате“!

„Македонци, вие треба само да го зачувате она што го имате“!

1

Вардар вчера уште еднаш ја воодушеви Македонија, но и целиот регион со својот настап во „СЦ Јане Сандаски“. Во Скопје беше прегазен ПИК Сегед со 31:23, а Вардар дојде на чекор од пласман на фајнл-фор.

По повод оваа голема победа најпознатиот портал специјализран за ракомет на овие простори „Балкан Хендбол“ објави колумна која ја напиша новинарот Жика Богдановиќ.

„Ваква добро журка, за волку мали пари нема да најдете никаде. Не зборуваме за Балканот, ниту за ракометот…Европа за тоа ќе биде свесна кога се стишат трибините од Јане Сандански. Ќе изгуби многу европскиот ракомет ако во иднина на вакви вечери се потсетуваме само преку приказни и Јутуб“

„Во земјата каде што ништо не оди, каде што најголемиот македонски спортски бренд се слуша во српска режија со одличен коментатор кој остана без глас славејќи ја победата препознавајќи го историскиот момент кој се случува, секој гол, секој одбрана, секоја насмевка на било кој човек е повредна од на што го кажуваат табелите…“.

„И навистина што повеќе го израдувало тој мачен народ од ракометот? Таа игра за која се нама пари, а е толку поефтина од индустрии како фудбалот и кошарката? Како аматерски хроничар на случувањата во земјата каде што вечно сонцето сјае не можам да се сетам на поубави работи кое тамошното друштво му ги понудило на обичниот човек. Ако Србија и Црна Гора се мачат со државни проекти, тогаш Македонија треба само да го сочува она што го има и што ги прави среќни, а не тоа нешто да се распадне во долгови за кое се плашам да дадам своја проценка“, гласи дел од колумната на Богдановиќ кој завршува со зборовите:

„Ти благодарам Вардар, ти благодарам скопско публико. Ми бевте инспирација во сите овие години“.

Комплетната колумна можете да ја прочитате тука.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт на пат за Торино, ПСЖ и кажа НЕ на Барса

Нашата редакција секој ден навремено ве известува за сите случувања на трансфер пазарот. -…