Македонската репрезентација до 19 години одигра 1-1 против Казахстан, но тоа беше доволно да го освои второто место во групата на турнирот во Полска.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Казакстан поведе од 25 минута со голот на Мухаметханов, потоа истиот играч во 60 минута поради втор жолт картон мораше да го напушти теренот.
Македонија ја искористи бројчаната предност и израмни со голот на Адриан Зенделовски за конечни 1-1.
Германија ни направи услуга со тоа што одигра 3-3 против Полска, која ние ја совладавме во првото коло со 2-0 и така македонските репрезентативци обезбедија елитни квалификации за Европското првенство.