Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија со една измена ќе патува во Полска

Македонија со една измена ќе патува во Полска

Во најдобрите 12, младиот бек ќе го замени Лејсон Зеќири кој поради здравствени проблеми останува во Скопје.

Со една измена во играчкиот ростер денеска, (собирот е од 12.30 часот пред СЦ „Борис Трајковски“) ќе тргне на пат кон Полска нашата најдобра селекција, каде во понеделник ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Селекторот Александар Јончевски мораше да направи една измена во играчкиот ростер.

Односно во комбинација за настап против домашната селекција, на средбата која на 26.февруари се игра во Сосновиец, да биде Марин Петков. Довчерашниот младински репрезентативец ќе го заземе местото на Лејсон Зеќири, кој по натпреварот со Естонците се пожалил на здравствени проблеми, поради кои не е во состојба да патува за Сосновиец, каде од 18.часот. го играме вториот меч од квалификациите за пласман на ЕП. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонскиот дрес еден од најубавите во историјата на ЕП

Познатиот фудбалски магазин „Фор Фор Ту“, објави листа од топ 10 дресови на Европските прв…