Младите амбасадори на Македонија на Светското првенство до 21 година својот настап го завршија во ¼ финалето, каде што денес беа убедливо поразени од Франција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Момците на Илија Темелковски не успеаа уште еднаш да ја израздуваат македонската јавност, Франција сепак беше пресилна, па натпреварот заврши со резултат 33:17 во корист на Французите.
На стартот изгледаше дека ќе можеме да со носиме со големата Франција сепак до полувремето тие веќе направија предност од 14:9. За во вториот дел да додадат гас и да покажат сила на која не можевме да пружиме доволен отпор.
Сега Македонија ја очекуваат натпревари за натпревари за борба од петтото до осмото место. Без разлика на конечниот пласман Македонија треба да биде горда на своите млади херои.