Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија до 19 години ремизираше против Босна

Македонија до 19 години ремизираше против Босна

Во денешниот натпревар во рамките од претквалификавискиот тунир за квалификациите за ЕП кој се одигра со почеток од 13:00 часот репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра 0:0 против Босна и Херцеговина.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ први се заканивме ние во 12-тата минута, но ударот на Иван Николов заврши над голот. Босна од првата шанса можеше да стигне до предност бидејќи Хасиќ со глава по еден корнер шутираше во пречката од голот на Матеј Андов.

Босна во второто полувреме одново се зaкани преку Хасиќ, овој пат шутираше над голот. Николов имаше нова прилика во 57-та минута, меѓутоа не реагираше најдобро во шеснаесетникот. Босна во 71-та минута повторно ја погоди пречката, додека Андов во 78-та минута спречи гол со одлична интервенција.

МАКЕДОНИЈА до 19 години: 1. Матеј Андов, 2. Георгие Јанкулов, 3. Бојан Димовски (81` Влада Новевски), 4. Јетон Даути, 5. Божидар Митревски (70` Ване Тасевски), 6. Александар Ѓурковски, 8. Агон Елези, 10. Сухељ Мухарем, 11. Методи Макесимов, 17. Иван Николов (75`Арби Воша), 19. Ерсан Хајдари (81`Давид Тошевски); Селектор: Горан Станиќ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Официјално: Наполи му врачи отказ на Анчелоти!

Тоа што се најавуваше изминатите денови денес доби официјална потврда, Карло Анчелоти пове…