Младата репрезентација на Македонија до 15 години денеска го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Дашмир Беари успеаа да слават победа со 2:0.
Нашите млади фудбалери одиграат квалитетно, беа подобар противник и заслужено славеа победа.
Првиот погодок го постигнавме во 40. минута од натпреварот. Капитенот Лука Атанасовски погоди за предност на Македонија од 1:0.
Победа ја потврдивме во второто полувреме. Хисар Али во 59. минута ги постави конечнитте 2:0.
Македонија: Давид Илоски, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Каменчно Андоновски, Беркај Шаини, Албион Муслиу;