Македонецот Бесир Алили стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Алили во финалето на ЕП до 17 години славеше против Харутјун Ховханисјан од Ерменија, со резултат 7-6.
Алили е извонредно талентиран млад борач за кој се предвидува дека може да ја врати славата на македонското борење.
На патот до златниот медал, Бесир Алили ги победи Оскар Кулчицки (Полска), Андреј Витан (Молдавија) и Лука Гугешашвили (Грузија).
Шанса да освојат медал на ЕП во Фиренца има уште и Реџеп Хајдари кој во категоријата до 92 килограми ќе се бори за бронзениот медал.
