Дома Ракомет Магична вечер за Лазаров и друштвото, го срушија Келце за четвртфинале во ЛШ!

Магична вечер за Лазаров и друштвото, го срушија Келце за четвртфинале во ЛШ!

Француски Нант во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите славеше со 31:34 против Келце и обезбеди место во четвртфиналето.

Македонскиот предводник Кирил Лазаров беше еден од клучните играчи кај Нант заедно со голманот Нилсен, Ривера и Мене. Лазаров постигна четири гола и подели пет асистенции.

Како и во првиот меч, Нант влезе одлично и одржуваше предност од три гола, на два пати не искористи шанса да оди на плус четири.

Гледавме драматична завршница, Келце на две ипол минути до крајот изедначи на 30:30, но сепак Нант до крајот одигра подобро и дојде до триумф во 31:34.

Во четвртфиналето Нант најверојатно ќе игра против Веспрем кој утре го игра реваншот со Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

По осум години во клубот, Филип Лазаров се раздели со Интерактив

Филип Лазаров повеќе не е тренер на Интерактив, каде што пристигна како играч во 2018 годи…