Дома Фудбал Останато „Л’Eкип“: Ова лето нема да има Европско првенство!

„Л’Eкип“: Ова лето нема да има Европско првенство!

Европската куќа на фудбалот закажа состанок за на 17. март кога ќе се разговара за судбината на европскиот фудбал, а француски „Л’Eкип“ пренесува дека една одлука веќе е позната.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот медиум пренесува дека на состанокот ќе се разговара за Лигата на шампионите, Лигата на Европа, како и дека е донесена одлука Европското првенство да се одложи.

Според „Л’Екип“ ова лето нема да има Европско првенство и истото ќе се помести за летото 2021 година.

Во вакви околности во кои не се знае дали воопшто ќе бидат завршени националните првенства со оглед на тоа дека вирусот се шири во некои земји кои треба да бидат организатори станува јасно дека истото нема да биде одиграно.

Ова значи и дека можеме да очекуваме одложување на натпреварот помеѓу Македонија и Косово кој требаше да се игра на 26. март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

БИЛД: Четири германски ѕвезди одбиле да изведат пенал

ГЕРМАНИЈА беше елиминирана од Парагвај во осминафиналето на Светското првенство. Натпревар…