Дома Трансфер зона Лук Шо по критките од Мурињо го засилува ГОЛЕМИОТ клуб од Шпанија?

Лук Шо по критките од Мурињо го засилува ГОЛЕМИОТ клуб од Шпанија?

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лук Шо во летниот трансфер период би можел да се пресели во редовите на Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шо, кој неодамна беше цел на јавните критики на тренерот Жозе Мурињо, се подготвува да го напушти „Олд Трафорд“ токму поради Португалецот и затоа Барселона веќе застана во ред за неговиот потпис, пишува „Daily Mirror“. Овој 22-годишен лев бек одби да го продолжи договорот кој му истекува во јуни 2019. година и ова лето би бил идеалниот момент да ја промени средината и за него и за Јунајтед за да заработи од трансферот.

Конкуренцијата во каталонскиот клуб на позицијата лев бек е силна, Жорди Алба е сигурен, додека Лукас Дињ е во втор план и постои можност да си оди. Шо пристигна во Јунајтед 2014. година од Саутемптон како огромен потенцијал, но не се докажа, делумно и поради тешките повреди кои ги доживеа една година подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…