Дома Трансфер зона Лука Јовиќ во јануари може да заврши во Премиер лигата?

Лука Јовиќ во јануари може да заврши во Премиер лигата?

0

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ ова лето направи трансфер во Реал Мадрид, но тука започнаа и првите проблеми во неговата кариера.

Неговиот потенцијал не е спорен, но многумина сметаат дека клуб како Реал за него со само 21 година е преголем залак. Дека избрза зборува минутажата. Во Реал не игра многу, на некои натпревари не добива ниту минута на теренот.

Таквата ситуација во јануарскиот преоден рок би можел да ја искористи Вест Хем.

„Чеканите“ во јануари сакаат да го доведат Јовиќ на позајмица, а дали ќе успеат останува да видиме.

Поради неиграњето во Реал Јовиќ беше изоставен и од националната селекција и сигурно дека нешто мора брзо да промени.

Во Вест Хем Јовиќ би играл заедно со поранешниот соиграч од Франкфурт, Себастијан Хелер и тоа сигурно добро би му дошло.

Халер во текот на летото исто така го напушти Франкфурт и потпиша за Вест Хем каде што постигна четири гола на седум натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан во проблеми, Јувентус им го “мерка“ капитенот

Веќе неколку време се шпекулира дека челниците на „Бјанконерите“ се заинтересирани за дефа…