Дома Фудбал Италија Лука Тони знае во која формација може да играат Роналдо и Икарди заедно

Лука Тони знае во која формација може да играат Роналдо и Икарди заедно

luka toni

Еден од најславните напаѓачи во италијанската фудбалска историја, Лука Тони има совет за Маурицио Сари.

Мауро Икарди е непотребен во Интер и Бепе Марота тоа јавно го кажа, па Аргентинецот ќе го напушти Интер ова лето. Во овие моменти најсериозен кандидат за Икарди е Јувентус.

Низ медиумите се споменува и Наполи, но изгледа дека Икарди повеќе сака трансфер во Торино.

Ако Икарди дојде во Торино ќе игра со Роналдо и јасно дека еден од нив двајца е невозможно да седи на клупа, а Лука Тони смета дека знае во која формација овие двајца можат да функционираат најдобро.

„Кристиано е шампион, Икарди е одличен напаѓач но има место се уште да напредува. Мислам дека Икарди ќе мора малку да се жртвува за Роналдо. Се би зависело од Сари, а јас мислам дека може да игра со формамција 4-3-1-2, со Рамзи на позицијата десетка“, изјави Лука Тони за „Тутоспорт“.

Останува да се види до крајот на преодниот рок дали Сари ќе ги има овие „слатки маки“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Халанд оптимист: Ќе го победиме Ливерпул 3:1, јас ќе ги дадам сите три гола!

Ливерпул вечерва му гостува на Салцбург во последното коло од Лигата на шампиони и тој нат…