Дома Фудбал „Лудакот“ на 42 години потпиша за 28-от клуб во кариерата!

„Лудакот“ на 42 години потпиша за 28-от клуб во кариерата!

Поранешниот репрезентативец на Уругвај, Себастиан Абреу иако има полни 42 години, се уште не размислува за пензија.

Популарниот „лудак“ денес потпиша договор со бразилскиот четвртолигаш Рио Бранко.

Тоа му е, верували или не, точно 28-от клуб во кариерата, па Абреу така стана апсолутен рекордер по бројот на клубови за кои играл во кариерата.

Уругваецот во Гинисовата книга на рекорди влезе кога потпиша за 26-от клуб во кариерата во 2017 година, но од тогаш смени уште два клуба!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Златната топка“ првпат во Лондон: Јубилејна вечер и трка за фудбалскиот престол

Седумдесетгодишнината на наградата ќе се одбележи во Лондон. Како се избираат победниците …