Дома Фудбал Италија Лоши вести од Рим: Дербито на „Олимпико“ може да се одложи!

Лоши вести од Рим: Дербито на „Олимпико“ може да се одложи!

Вечерва на „Олимпико“ во 20:30 часот треба да се игра дербито помеѓу Лацио и Интер, но прашање е дали временските услови ќе го дозволат тоа.

Во Рим веќе неколку дена врне дожд, што го доведува во прашање одигрувањето на мечот помеѓу Интер и Лацио.

Иако многумина со нетрпение го очекуваат овај дуел, вестите од Рим не се оптимистички на неколку часа пред почетокот на мечот.

Италијанските медиуми пренесуваат дека времето во Рим се влошило и дека пред самиот натпревар ќе биде проценето дали може да се игра или ќе се одложи мечот.

Од двата табори сакаат натпреварот да биде одигран вечерва, но поради грижата за јавната сигурност големи се шансите мечот да биде одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Една фотографија на Салах направи хаос во Турција

Мохамед Салах со само една фотографија успеа да привлече огромно внимание кон едно место в…