Дома Фудбал Останато Ловрен призна: Намерно го удрил Рамос да му врати за Салах

Ловрен призна: Намерно го удрил Рамос да му врати за Салах

Ловрен се обидел да го израмни долгот за својот добар пријател.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Финалето во Лигата на шампионите ќе остане запаметено по зафатот на Серхио Рамос со кој го повреди Египќанецот Мохамед Салах.

Рамос потоа стана главна мета на англиските медиуми. Сепак „црвените“ ја добија својата „одмазда“. Шпанија играше со Хрватска во Лигата на Нации. Хрватите го добија тој натпревар со 3:2, а Ловрен не беше ниту малку нежен кон Рамос.

Сегашниот стопер на Зенит и голем пријател на Салах сега призна дека намерно го удрил со лакт Рамос во тој натпревар.

„Дали намерно го удрив Рамос после она што му го направи на Салах? Да, така е. Модриќ се обиде да ја смири тензијата помеѓу Рамос и Мене, игравме заедно против Шпанија во дресот на нашата репрезентација кога го удрив намерно со лакт. Сега сметам дека сме квит. Го почитувам Рамос како играч и она што го прави за тимот. Освои многу титули, но неговото однесување не го одобрувам“, изјави Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

После 6-часовен состанок јасно е кој ќе биде новиот тренер на Милан!

Италијанскиот „заспан“ гигант Милан бара нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алег…