Дома Фудбал Останато Лихштајнер: Интер сфати дека за да го освои Скудетото мора да доведе „јувентини“

Лихштајнер: Интер сфати дека за да го освои Скудетото мора да доведе „јувентини“

Tимот на Јувентус игра под очекувањата со Андреа Пирло и многу веројатно „старата дама“ ќе остане без Скудетото, Интер во овој момент има 10 бода повеќе од актуелниот шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За медиумите сега зборуваше поранешниот фудбалер на Јувентус, Швајцарецот Стефан Лихштајнер.

„Искрено сезонава не сум гледал многу натпревари, па и не можам да дадам некоја проценка. Мислам дека треба му честитаме на Интер затоа што сфати дека мора да доведе „јувентини“ за да ја освои титулата. Како и да е, да не заборавиме дека после бурата доаѓа сонце“, порача Лихштајнер.

Лихштајнер алудираше на доведувањето на Антонио Конте на клупата, како и Бепе Марота на местото спортски директор. Токму Конте и Марота беа едни од најважните луѓе во враќањето на Јувентус на победничките патеки, а сега тоа го прават и со Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѓоковиќ ја крена тениската планета на нозе: Една објава од Новак беше доволна за да предизвика еуфорија! (ФОТО)

Уште две недели останаа до стартот на Вимблдон, а Новак Ѓоковиќ го најави своето учество н…