Андреа Пирло неодамна беше промовиран во нов тренер на Јувентус каде што го наследи Маурицио Сари.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Ретко кој очекуваше Пирло да добие шанса во Јувентус без ниту ден тренерско искуство, но тоа се случи. И покрај тоа што нема искуство Марчело Липи смета дека Пирло е спремен за големи дела.
„Андреа е роден да биде се, не само тренер. Спосебен е за многу работи. Смешно ми е тоа што луѓето за Пирло мислат дека е мирен и повлечен, тој всушност е еден од оние кои најмногу се шегуваат. Има посебна харизма и Јувентус тоа го препозна“.
Пирло има само 41 година и е помлад од Буфон, а на тоа Липи гледа како предност.
„Уште е како големите шампиони кои сега играат, така да може рамноправно да разговара со играчи како Роналдо и Киелини, баш како колега. Зидан беше сличен кога го превзема Реал и на Јувентус во овој момент можеби токму вакво нешто му е потребно. Зидан не донесе некои технички промени или тренерски иновации во Реал, само го натера тимот да се чувствува мирно“, изјави Липи.