Дома Фудбал Италија Липи за Буфон: Повлечи се кога ќе бидеш спремен за такво нешто

Липи за Буфон: Повлечи се кога ќе бидеш спремен за такво нешто

Поранешниот селектор на Италија, Марчело Липи, смета дека Џанлуиџи Буфон се уште не треба да оди во пензија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Буфон на 28 јануари полни 40 години и најави повлекување од фудбалот. Неговата репрезентација не успеа да се пласира на Мундијалот, а неговиот Јувентус минатиот јуни пропушти да ја освои Лигата на шампионите.

Доколку Буфон се повлече на крајот на оваа сезона нема да го собори рекордот на Паоло Малдини по бројот на одиграни натпревари во Серија А.

„Буфон би бил добар во се што е поврзано со фудбалот. Зборуваме за човек кој може да привлече луѓето околу себе и веднаш да стане лидер. Би го советувал да се повлече кога ќе почуствува дека е спремен за тоа бидејќи мислам дека длабоко во себе се уште е заинтересиран за тој рекорд во Серија А. Кога ќе заврши со играњето може да одмори уште неколку години и да ужива со семејството, па потоа добро да размисли што сака понатаму да прави“, изјави Липи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл одби голема понуда за Тонали

Њукасл ја одбил понудата од 80 милиони фунти од Тотенхем за Сандро Тонали, пренесува ̶…