Дома Фудбал Линекер „удри“ по ФИФА: Никој не го разбира фудбалот!

Линекер „удри“ по ФИФА: Никој не го разбира фудбалот!

Откако ја искритикува УЕФА за изборот за најдобар гол на сезоната, англиската фудбалска легенда Гари Линекер го направи истото и откако ФИФА ги објави тројцата финалисти за играч на годината.

Според Линекер, голема грешка е фактот што ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не влезе во потесниот озбор на ФИФА.

„Никој не го разбира фудбалот. Барселона освои дупла круна најмногу благодарение на Меси. Тој постигнуваше гол на секој меч и неговиот фудбал навистина те тера да уживаш. Елиминацискиот фудбал секогаш е несигурен. Сепак, ако наградата навистина се доделува на најдобриот фудбалер, тој ќе ја освојува секоја година“, напиша Линекер на својот Твитер профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол и потег за голем аплауз: Пасквал со апарат за реанимација истрча кон навивач во Зеница

Абел Пасквал помогна при итната интервенција за навивач на Челик кому му се слоши на триби…