Лидс има одредени сомнежи за солвентноста на Барселонa, иако клубот го продаде Рафиња на „Камп Ноу“ за 58 милиони евра.




Сопственикот на Лидс, Андреа Радрицани прецизираше дека за еден месец очекува клубот од „Камп Ноу“ да почне да плаќа според договорот.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
„Не знам како наеднаш нашле пари од Барса за трансферот на Рафиња и како се работи таму. Не ми е јасно… ќе ви кажам во септември кога Барса треба да плати. Меѓутоа, ако не го направат тоа, ќе имаме сериозен проблем“, се закани сопственикот на Лидс.




Лидс имаше договор со Челзи за продажба на бразилскиот интернационалец, но самиот играч сакаше во Барса, па клубот ја прифати понудата на Каталонците.




„Постигнавме договор со Челзи и потоа се срамев од тоа како морав да одам кај Тод Боли за да ги променам работите. За мене тоа беше непочитување кон Боли, но немав избор. Можев да одлучам да не го продадам Рафиња, па дури и ја претпочитав таа опција, но немав избор. Понудата на Челзи беше најдобра, но слична е и онаа со Барса“, откри сопственикот на Лидс.