Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски се најде во центарот на вниманието после вчерашниот инцидент со Николас Пепе од Арсенал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што е веќе познато, Пепе заработи црвен картон после еден дуел со нашиот Џани. Освен тоа во финишот од натпреварот Киеран Тирни сакаше физички да се пресмета со Алиоски.
На социјалните мрежи следуваа голем број навредливи коментари на сметка на Џани, а поради со официјално соопштение излезе и Лидс. Лидс застана во одбрана на Алиоски и порача дека во соработка со полицијата ќе бара казна за сите кои го навредувале Џани.
