Дома Трансфер зона Ливерпул ја спушти цената: Ловрен може во Милан за 20 милиони!

Ливерпул ја спушти цената: Ловрен може во Милан за 20 милиони!

0

Италијанските медиуми пренесуваат дека прва желба на Милан во одбраната ќе биде хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен.

„Росонерите“ сакаат да донесат еден искусен стопер кој ќе биде партнер на Ромањоли, а новиот директор Звонимир Бобан сака да го донесе својот сонародник на „Сан Сиро“.

Ловрен е омилен стопер на новиот спортски директор на Милан Федерико Масара кој доаѓа од Рома, а претходно и таму се обидуваше да го доведе Хрватот.

Ловрен оваа сезона го загуби местото во стартниот тим, па е спремен да ја промени средината. Првично „црвените“ му поставија цена од 25 милиони фунти, но последните информации говорат дека се спремни да го пуштат за 20 милиони евра, колку што нуди Милан.

Ловрен пред пет години дојде во Ливерпул од Саутемптон за оштета од 25 милиони евра. Во текот на сеозната 2018/2019 собра само 14 настапи во првиот тим на Ливерпул во Премиер лигата.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пред ангажман на јапонски репрезентативец

Eкипата на Барселона ќе се обиде да го доведе јапонскиот репрезентативец, Даизен Маеда. Да…