Се погласни се најавите дека Мохамед Салах ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул, па така и на „Енфилд“ изгледа веќе ги разгледуваат опциите за негови наследници.
Според последните информации на дел од островските медиуми во Ливерпул имале изненадувачка идеја за наследник на Египќанецот ако тој и дефинитивно замине. Наводно, Ливерпул би можел да тргне по потписот на Украинецот од редовите на Челзи, Михајло Мудрик.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Лондонскиот тим сака да се ослободи од фудбалерот за кого во јануари 2022 година плати 70 милиони евра и според последните информации доволни би биле 50 милиони евра.
На 64 натпревари во дресот на Ливерпул, Мудрик постигна само седум гола и подели шест асистенции што е премалку во споредба со очекувањата со кои пристигна.