Дома Фудбал Англија Ливерпул ослабен во Лигата на шампионите

Ливерпул ослабен во Лигата на шампионите

Диого Жота нема да биде во составот на Ливерпул за натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите против Лајпциг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот напаѓач се повреди за време на вчерашниот натпревар во Премиер лигата против Челзи, кој црвените го добија со 2:1.

Засега не е познато колку време ќе отсуствува Жота од теренот, но она што е сигурно е дека нема да биде во комбинација за првиот меч од следниот натпревар.

Натпреварот меѓу Лајпциг и Ливерпул се игра во среда од 21 часот на „Ред Бул Арена“.

Ливерпул две победи го отвори новиот формат на елитното натпреварување, додека Лајпциг е еден од тимовите кои се на „нула“.

Се очекува Жота да биде заменет во стартниот состав од Дарвин Нунес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најголемиот летен-трансфер е подготвен: Барса плаќа 150 милиони, но има два услова за трансферот

Атлетико Мадрид конечно попушти. Од екипата се подготвени да го пуштат Хулијан Алварез во …