Дома Трансфер зона Ливерпул и Арсенал го сакаат плејмејкерот на Милан

Ливерпул и Арсенал го сакаат плејмејкерот на Милан

Ливерпул и Арсенал се силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата премиерлигаши се во потрага по квалитетен играч за врска и тоа ќе биде приоритет во летниот преоден рок.

Клоп во алжирскиот репрезентативец гледа идеално засилување за средниот ред, каде „црвените“ имаат многу проблеми од почетокот на сезоната.

Алжирецот неодамна го продолжи договорот со „росонерите“ до 2027 година, но во неговиот договор има откупна клаузула од 50 милиони евра.

Милан одбива да преговара за негова продажба, па заинтересираните клубови ако го сакаат ќе мора да ја платат откупната клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…