Дома Кошарка Летонија во драматично финале до злато на баскет турнирот во Токио!

Летонија во драматично финале до злато на баскет турнирот во Токио!

Репрезентацијата на Летонија стигна до златен медал во баскет на Олимписките игри откако ја совладаа Русија со 21:18.

Во финалето гледавме еден возбудлив натпревар и егал до последниот момент. Русите водеа во поголем дел од натпреварот, но во финишот испуштија четири поени предност и Ласманис со клучните поени го сврти натпреварот во корист на Летонците.

Токму тој погоди двојка за голема радост на Летонија во завршницата.

Ќе потсетиме, Србите беа најголеми фаворити за златен медал во баскет, но тие завршија на третата позиција после поразот од Белгија во полуфиналето. Во натпреварот за бронза ја победија Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Викенд за продолжување на сериите: Феникс и Вардар пред домашни тестови

Ангели и Охрид се следните противници на непоразените Феникс 2010 и Вардар. Петтата рунда …