Дома Фудбал Останато Легендарниот тренер на Панчев и Најдоски направил страшна сообраќајка – возел во спротивна насока на автопат! 🎥

Легендарниот тренер на Панчев и Најдоски направил страшна сообраќајка – возел во спротивна насока на автопат! 🎥

Славниот Љупко Петровиќ под чие водство Црвена Звезда стана европски шампион направил страшна сообраќајна несреќа на обиколницата во Белград откако на автопат возел во спротивна насока.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


76-годишниот Петровиќ со својот „Мерцедес Б180“ возел во спротивен правец на обиколницата и директно се судрил со Шевролет Авео, а катастрофата можела да биде и поголема бидејќи неколку камиони успеале да го избегнат судирот.

Петровиќ во судирот поминал со полесни повреди, двајцата возачи немале алкохол во крвта, меѓутоа на легендарниот тренер му се заканува сериозна постапка против безбедноста во сообраќајакот. Посебно затоа што полиција се обидела да го запре, но тој забрзал да им избега.

Во таа 1991 година Петровиќ го предводеше тимот на Звезда во кои беа Дарко Панчев и Илија Најдоски освојувајќи ја европската круна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…