Дома Фудбал Италија Легендарниот тренер го советува Алегри: Остани во Јувентус!

Легендарниот тренер го советува Алегри: Остани во Јувентус!

Легендарниот италијански тренер, Марчело Липи го советуваше Масимилиано Алегри да ги игнорира другите понуди и да остане во Јувентус.

Липи се огласи откако се појавија шпекулации дека Алегри би можел да се пресели во ПСЖ или во некој клуб од Англија:


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Нормално е да биде загрижен поради Наполи, но во поглед на неговата иднина не смее да има дилеми – не смее да го напушти Јувентус. И јас имав понуди да заминам но останав бидејќи Јувентус е врв“, истакна Липи, а потоа се осврна на борбата за титулата.

„Кога се ќе ставам на вага, морам да кажам дека Јувентус е фаворит, но разликата е минимална, што покажува и табелата. Во Наполи знаат дека ќе мора да го победат Јувентус во Торино доколку го сакаат Скудетото. Тој натпревар ќе биде одлучувачки“, смета Липи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство…