Дома Фудбал Репрезентации Легендарниот Просинечки станува селектор на африканска репрезентација?

Легендарниот Просинечки станува селектор на африканска репрезентација?

Легендарниот Роберт Просинечки по трети пат во кариерата би можел да стане селектор.

Во овој момент Просинечки е без ангажман по заминувањето од екипата на Рудеш со кој не успеа да направи добар резултат.

Репрезентацијата на Гана по лошиот резултат на Купот на Африканските Нации каде што не ја помина групата го отпушти досегашниот селектор Крис Хјутон, а би можела да се одлучи повторно да доведе селектор од Балканот на чело на селекцијата.

Просинечки веќе водеше две репрезентации, прво Босна и Херцеговина, па и Азербејџан. Освен овие две репрезентации тој ги водеше клубовите на: Црвена Звезда, Днизли, Олимпија Љубљана, Црвена Звезда и споменатиот Рудеш.

Ако Просинечки седне на клупата на Гана тој ќе биде петтиот селектор од Балканот кој ќе ја води оваа репрезентација пред него тука беа: Милан Живадиновиќ, Ратомир Дујковиќ, Милован Рајевац (двапати) и Горан Стевановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Португалија ги пречекува Норвешка во Лига на нации

Португалија ќе се соочи со Норвешка во Порто во рамките на Лига на нации, со цел да го про…