Дома Фудбал Легендарниот италијански стручњак за скапото засилување на Јунајтед: Дали тоа е истиот играч од Серија А?

Легендарниот италијански стручњак за скапото засилување на Јунајтед: Дали тоа е истиот играч од Серија А?

Како да се двајца различни фудбалери, но всушност тоа зборува за разликата меѓу двете лиги.

Холанѓанецот Зиркзе лани имаше одлична сезона, и помогна на малата Болоња да се пласира во Лигата на шампионите, летово играше за Холандија на ЕУРО 2024 и оствари трансфер во славниот Манчестер Јунајтед.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тогаш беше најавуван како големо засилување за тимот на Ерик Тен Хаг, а сега само неколку месеци подоцна, откако неговиот сонародник доби отказ од клупата на „Црвените ѓаволи“, се појавија шпекулации дека многу брзо би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Сепак, легендарниот италијански селектор и поранешен селектор на Англија, Фабио Капело вели дека Зиркзе не заборавил да игра фудбал, туку тоа го прави разликата помеѓу Серија А и Премиер лигата.

„Погледнете го Зиркзе како игра во Премиер лигата и кажете ми дали изгледа како истиот играч на кој му се восхитувавме во Болоња?

„Во Италија го правеше она што го сакаше, во Англија нема време ни да размислува за играта пред да му ја одземат топката.

Зиркзе постигна само еден гол на 13 натпревари во дресот на Јунајтед, во првото коло од Премиер лигата против Фулам (1:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи на играчи од Брајтон потроши над 300 милиони

Нов играч на лондонскиот клуб наскоро ќе стане Жоао Педро, кој е уште еден во редот на Бра…