Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Левандовски промаши пенал, Полска и Мексико одиграа реми🎥

Левандовски промаши пенал, Полска и Мексико одиграа реми🎥

Полска и Мексико одиграа реми без голови, а трагичар на мечот беше Роберт Левандовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемата ѕвезда на Полјаците, Левандовски не успеа да постигне гол од пенал во 58-та минута.

Полска ја имаше првата шанса на мечот во 7-та минута преку Левандовски, а потоа Мексико ја презеде иницијативата. Галјардо и Вега имаа две добри шанси, но мрежите мируваа.

На стартот на вториот дел веднаш почнаа возбудувањата, откако судијата со помош на ВАР досуди пенал за Полска. Меѓутоа, Левандовски не успеа да го совлада фантастичниот Очоа.

Тоа на крајот се покажа и како клучен момент на мечот. До крајот Мексико и Полска создадоа уште по една шанса, но мрежите мируваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Мароко го подобри одличното рекорд на Италија, a Бразил ја продолжи импресивната серија

Со своето реми 1:1 со Бразил во отворачкиот меч од Светскиот куп 2026, Мароко го запиша 38…