Ѕвездата на Милан и португалската репрезентација, Рафаел Леао ја одби богатата понуда од Саудиска Арабија, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неколку клубови од Саудиска Арабија се заинтресирани за неговиот потпис и се спремни да платат повеќе од 100 милиони евра, притоа му нудат цело богатство на фудбалерот.
Меѓутоа 25-годишниот Португалец ја одбил богатата понуда бидејќи сака да остане во Европа и да освојува трофеи.
Милан не помислува за негова продажба ова лето, а Леао истакнал дека е среќен во Милано.