Дома Фудбал „Ла Република“ го открива разговорот на Роналдо и Гвардиола

„Ла Република“ го открива разговорот на Роналдо и Гвардиола

Кристиано Роналдо беше пред трансфер во Манчестер Сити, но на крајот тој сензационално се врати во Јунајтед.

Објавено беше дека клучна улога одиграл Фергусон кој по информациите во медиумите го побарал Роналдо и го убедил да не оди во градскиот ривал. Сега италијанската „Ла Република“ пишува за друг телефонски разговор на Роналдо со Гвардиола.

Италијанскиот медиум пишува дека Гвардиола во разговорот со Португалецот му кажа: Ако можеш, дојди, ќе се обидеме да функционираме заедно, но не можам ништо да ти гарантирам“.

Овој разговор можеби и дополнително влијаел на одлуката Португалецот да го избере Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…