Дома Трансфер зона Лајпциг го договори трансферот на Андре Силва

Лајпциг го договори трансферот на Андре Силва

Лајпциг постигна договор со Ајнтрахт Франкфурт за трансфер на португалскиот напаѓач Андре Силва, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот открива дека Лајпциг за 25-годишниот напаѓач ќе плати 23 милиони евра.

Андре Силва одигра фантастична сезона во Бундеслигата и постигна 28 гола на 32 натпревари, па го привлече вниманието на многу клубови.

Андре Силва веќе ги договорил личните услови со Лајпциг, каде ќе заработува 4 милиони евра по сезона, па во секој момент се очекува официјализација на трансферот.

5 милиони евра од трансферот ќе завршат во касата на Милан, поранешниот клуб на Португалецот, кој задржа 20% од неговите права.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…