Дома Трансфер зона Лацио ја одби понудата од ПСЖ: Сака 100 милиони за СМС

Лацио ја одби понудата од ПСЖ: Сака 100 милиони за СМС

Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.

„Тутоспорт“ објави дека неколку тимови се борат за потписот на Србинот, а наводно главната битка ќе ја водат ПСЖ и Реал Мадрид.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Спортскиот директор на „светците“ Леонардо веќе стапил во контакт со агентот на Сергеј, Кежман и започнал преговори за трансфер на Србинот во Париз.

„Светците“ испратија прва понуда од 60 милиони евра која експресно беше одбиена од страна на Лацио.

Италијанските медиуми тврдат дека Лацио ќе му дозволи на Сергеј да замине само доколку пристигне понуда од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…