Дома Фудбал Репрезентации Лапорт наместо за Франција ќе игра за Шпанија

Лапорт наместо за Франција ќе игра за Шпанија

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт се одлучи во иднина да настапува за шпанската репрезентација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така фудбалската репрезентација на Шпанија неочекувано доби големо засилување за претстојното Европско првенство, бидејќи денеска шпанско државјанство доби Емерик Лапорт од Манчестер Сити.

Лапорт беше еден од најголемите француски таленти и беше дел од младинската селекција на Франција, но нема настап за сениорската репрезентација на „триколорите“.

Тој го искористи новото правило на ФИФА дека играч кој до својата 21 година играл помалку од пет меча за една земја, да смее да игра за друга.

Сезонава Лапорт има 27 настапи за Манчестер Сити, па сигурно ќе биде големо засилување за Луис Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Моќна Шпанија ја прегази Франција и ја заврши ерата „Дешан“

Шпанија ќе игра во финале на светско првенство за втор пат во својата историја. „Црвената …