Дома Трансфер зона Ламела се враќа во Серија А

Ламела се враќа во Серија А

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за играчот на Тотенхем, Ерик Ламела.

Приоритет на „росонерите“ во летниот преоден рок ќе биде засилување за десната крилна позиција бидејќи Кастиљехо најверојатно ќе го напушти клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прва желба е Депај, но тешко дека Милан ќе може да ја победи конкуренцијата, па како алтернатива се споменува Ерик Ламела.

28-годишниот Аргентинец не добива голема минутажа, па и самиот е спремен да ја промени средината. Тој на лето влегува во последната година од договорот, а Милан сака да ја искористи таквата ситуација.

Ламела има искуство во Серија А каде со успех го носеше дресот на Рома, а „росонерите“ се спремни да понудат 15 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…