Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров со безрезервна поддршка за Мукаетов

Лазаров со безрезервна поддршка за Мукаетов

Македонската ракометна федерација по завршувањето на настапот на нашата репрезентација на Мундијалот во Еипет ќе го организира изборното собрание за избор на претседател.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Актуелниот претседател Живко Мукаетов повторно ќе се кандидира, а сите клубови изразија поддршка.

Мукаетов безрезервна поддршка доби и од капитенот на репрезентацијата Кире Лазаров.

„Сакам да изразам безрезервна поддршка и одобрување за одлуката на господинот Живко Мукаетов да се кандидира за нов четиригодишен мандат на чело на Ракометната федерација на Македонија. Под негово водство се изградивме како сериозна Федерација, уште повеќе го издигнавме нашиот национален спорт и верувам дека тој процес ќе продолжи“, изјави Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …