Дома Македонски спорт Лазаров: На ова СП го допревме дното 🎥

Лазаров: На ова СП го допревме дното 🎥

Македонија на Светското првенство во Египет нема резултати какви што очекувавме и утре ќе го играме последнито натпревар од втората фаза, а противник ќе ни биде Белорусија.

Капитенот Кире Лазаров го игра своето седмо Светското првенство. Дебитираше во 1999 година во Египет, а најверојтно таму ќе го одигра и неговиот последен меч на еден планетарен собир.

Сега Лазаров имаше интервју за „ХРС“ каде што го даде своето мислење за овој шампионат на Македонија.

„Имаме промена на генерација и знаевме дека не сме во добра ситуација, среќен сум што добивме повик да играме тука. Со федерацијата се договоривме да дојдам и да помогнам на младите ракометари. Морам да признаам дека е напорно, но го работам ова со срце“.

„Цела Македонија тагува поради нашите порази со голема разлика, но знајте дека ниту на мене не ми е лесно. Промената е голема, ние ќе се бориме до крај. На овие натпревари го допревме дното па затоа ова СП е можеби и добредојдено, сега треба да пробаме со добра стратегија да одиме напред“, изјави Лазаров.

Погледнете го целото интервју на Лазаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

„Марка“ открива: Меси донесе одлука за својата иднина!

Иднината на Лионел Меси е главна тама во спортските медиуми веќе подолго време, бидејќи не…