Лестер спрема изненадувачка понуда од 20 милиони фунти за Филипе Кутињо, пренесува „Мундо Депортиво“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бразилецот нема одиграно натпревар за Барселона во 2021 година поради повреда на коленото поради што му беа направени две операции.
Барселона сака да го продаде за да се ослободи од неговата висока плата и да спаси дел од големите бонуси кои треба да му ги плати на Ливерпул.
Јасно е дека за Кутињо нема голем интерес, а Лестер сака да ја искористи шансата и да го донесе во своите редови.
Самиот Кутињо се согласува на ваков трансфер бидејќи сака повторно да соработува со Брендон Роџерс.